Апел: Кој може да донесе храна и вода за луѓето што го гаснат пожарот

Во Пехчево каде денеска ескалира состојбата со пожарите попладнево е упатен апел за помош во храна и вода за пожарникарите и другите волонтери кои го гасат огнот.



“Во #Пехчево има голема потреба од храна и вода за пожарникарите и локалците кои што помагаат во гаснењето на пожарот, кој е во близина и може да помогне пунктот е во кино салата”, пишува Оливер Новески кој дава информации за состојбите во овој дел од Македонија.