Апел: Го чепнавте ли АСНОМ ја уништувате цела надеж и Македонија

Филмскиот работник Данчо Стефков со апел до македонските власти во врска со бришењето на АСНОМ.



,,Не го чепкајте АСНОМ. Ни ја сечете гранката на која седиме.

Драги мои, не знам дали ќе се согласите со мојот став, но рака на срце ние не сме некој премногу храбар народ, сме докажале низ историјата, да не цитирам, што се не сме направиле како што треба.

Не не бидува премногу за спорт, во науката сме просечни, единствено во музиката сме таман и тоа во онаа изворната.

Единствената, целосно, до крај истерана работа е АСНОМ. Тоа е темелот и здравиот корен.
Го чепнавте ли АСНОМ, ја уништувате целата наша надеж, ја уништувате Македонија”, смета велешкиот интелектуалец.