„Гледам млади, дотерани, ги преполниле кафулињата, коњопоите, уживаат на сонце. Да помислиш дека за инает сакаат да се разболат“, вели Ивица Апостолов, вработен во ЈЗУ Универзитетски институт за клиничка биохемија Скопје и претседател на Здружение на медицински лаборанти Клинички Центар Скопје за „Фокус“.
„Би им порачал одговорност, младите можеби и нема да умрат од коронавирус и ќе бидат излечени, ама да си знаат дека на инфективна во собите за изолација нема wi-fi, а блокиран е и 4Г пристапот, верувам дека тоа тешко ќе го поднесат!
Би им порачал да си седат дома, да гледаат филмови, да ги остават кафулињата за понатаму“, вели Апостолов.




