Апел до Белград: Барем една доза за пелцовање на Фрчкоски

Охриѓанецот Иљче Затаракоски кој е познат по своите шеги со длабоко социолошко значење објавени на Фејсбук, апелира Србија да ни даде барем една вакцина ако поради технички причини не може цела пратка.



“Нека пуштет бар една доза Србиве за да го пелцоваме Фрчко и да го попратиме побрзо. Благодарам”, пишува луцидниот Затаракоски на шега за предлогот за македонски амбасадор во САД кој според него е целосно погрешен.

Во исто време Затаракоски апелира до надлежните: “Да ги исклучат фрижидерите за чување на вакцините, да не трошат џабе струја”.

Во серијата трагикомични постови Затаракоски ја смирува јавноста со барање да нема паника, затоа што “ќе ни пуштат вакцини на лето по Аца (Лукас) и по Цеца”.

Охриѓанецот на владата и нуди и лична помош: “Другиот пат по Галеб нека ги пуштет вакцините, знам јас еден возач шо возит за Белград”.

Сите негови постови на овој линк

https://www.facebook.com/profile.php?id=1065498437