Димитар Апасиев од Левица го коментира преименувањето на чаирските училишта „Рајко Жинзифов“ во „Исмаил Ќемали“ и „Никола Вапцаров“ во „Имри Елези“.
„СДС + ДУИ ги преименуваа двете последни училишта во Чаир кои носеа име на Македонци! Тоа е тоа ‘едно (апартхејд) општество за сите’ кое Заев ќе го тера сè до конечната ФЕДЕРАЛИЗАЦИЈА на Македонија. Ќе му дозволиме ли, од нас зависи!“, реагира на Фејсбук професорот на Правниот факултет при универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.





