Апасиев за синот на Силјановска и елитизмот во СДСМ

„Според гревчињава „елитисти“ од СДС, срамно било шо Пајо (синот на Сиљановска) свирел кавал у парк, ама не било срамно шо нивните синови си ги испопикаа по ЕЛЕМ, МЕПСО и други државни институции да седат на фотељи од телешка кожа и да го цицаат републичкиот буџет!?



Е затоа ќе губите бе фејкери! Оти немате ПРИНЦИПИ у Животот”.

Фејсбук објава на професорот Димитар Апасиев по неуспешниот обид за оцрнување на претседателскиот кандидат на опозицијата, Гордана Силјановска Давкова, откако беше објавена фотографија од парк на која тој свири на кавал а собраните пари ги дава на социјални случаи – дечиња што питаат.

Апасиев постот го завршува со хаштаг #ПајоЗаВасЕЧовечиште“