Професорот и член на президиумот на Левица, Димитар Апасиев открива што слушнал за рејтингот на СДСМ на последните објавени анкети.
За него е клучно тоа дека партијата на власт објавува водство на анкета што сама ја платила со што сака да укаже дека се работи за фингирани резултати од анкетата на која Левица има 0,7 %.
“Абе шо слушам, комуњариве воделе на АНКЕТИ шо сами си ги нарачуеле”, објавува Апасиев користејќи го хаштагот #СрцкиСоросписки.
Според анкетата која кај голем дел од познавачите се оценува како обид на власта да го смири своето членство од драматичниот пад на довербата кај граѓаните поради Рекет и низа други афери, СДСМ води пред ВМРО-ДПМНЕ.




