Апасиев: Рамковна тиранија!

Лидерот и пратеник на Левица, Димитар Апасиев во денешното обраќање во Собранието ја обвини ДУИ дека е главниот актер за „либанизација на Македонија“, за „рамковна тиранија на малцинството и воведување башибозук-демократија“. Апасиев уште ја обвини ДУИ дека вовеле апартхејд во Македонија со тоа што елиминарел елементарен контакт меѓу младите Македонци и Албанци.  



„11 македонски и 10 албански министерски места, па ова е рамковна тиранија, полупротекторат, паралелна држава во држава каде младите Македончиња и Албанчиња не комуницираат, непочит кон химна, јазик, а Бујар Османи треба да се пази што ќе направи со Бугарија“, изјави

На репликата на Арбер Адеми од ДУИ кој ги негираше неговите ставови, Апасиев одговори дека во салата треба да го зборуваат македонскиот јазик затоа што тој не користел слушалки и поради тоа не знае ни што зборувал.