Апасиев со анегдота му одговори на Мицкоски и најави што ќе му се случи на Заев на 31 Октомври

По објавата на лидерот на Левица Димитар Апасиев во која тој рече дека нема да прави коалиција со ВМРО-ДПМНЕ но не исклучи дека ќе го поддржи обидот на опозицијата обединето да го урнат СДСМ и Заев од власт, вечерва со анегдота во шифри најави што ќе се случи на вториот круг на локалните избори.



Анегдотата доаѓа откако Мицкоски во два наврати за три дена порача дека сите партии се добредојдени во опозицискиот фронт за уривање на СДСМ.

“Има една партизанска анегдота, која ја раскажува Темпо, за политичкиот виртуоз Стари, меѓу народот попознат како ТИТО…

У време на ратот, му иде ‘на кавга’ еден партиски раководител – генерал Станишиќ и напизден му вика: – „Друже Тито! Сакам да ми кажете, јасно и гласно, која е официјалната линија на КПЈ за односот кон четниците? Оти во Херцеговина и Црна Гора ги тепаме и требеме, а во Фоча со нив преговараме!?“

И Маршалот, лаконски и во негов стил, му враќа: – „И двете се официјални линии на Партијата! Првата е наша. А втората е различна, ама исто наша.“, објави Апасиев користејќи го хаштагот #Дијалектика со што станува речиси извесно дека постојат само минимални шанси некој од кандидатите на СДСМ во вториот круг да стане градоначалник.

Со своите над 50 илјади гласови во 40 општини каде што имаа советници Левица на Апасиев заедно со ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, Алтернатива и другите помали опозициски партии можат да ги освојат речиси сите општини со македонско или доминантно македонско население.

Доколку се потврди скриената порака што преку анегдотата со Тито ја упатува Апсиев, Заев ќе доживее тежок пораз во кој ќе му останат само 9 општини освоени во првиот круг од кои само Струмица е поголема градска средина.