„Правото на еден НЕРАБОТЕН ДЕН во неделата е старо најмалку 3.700 години (од Мојсеј па наваму).



Арно ама, на нашиот „бизнис сектор“ му сметало шо му се чепка у профитот, па ќе го спорел на Уставен суд!?

Ах бе, капиталисти! Вие би да го исцицате секој атом од човекот-работник, само за вашиот профит да не трпи. Вашата алчност не познава граници.

Btw, не само еден, туку законот бара два неработни дена, ама тоа здравје – ко ќе дојде Левица на власт“.

Фејсбук статус на лидерот на Левица, Димитар Апасиев по најавата од Стопанската комора на Македонија дека ова законско решение ќе го дадат на Уставен суд зашто имало „многу неуставни елементи и ќе се преиспитува уставноста на ова законско решение“.