„Нашата цел на овие избори беше Собранието, а не Владата. Целта е постигната. Нашите двајца пратеници ќе повлечат двоцифрена бројка пратеници на наредните избори, кои пак ќе бидат предвремени.



Е, дури тогаш можеме да бидеме клучен фактор за таа нова влада“ вели лидерот на „Левица“ Димитар Апасиев во денешното интервју за „Нова Македонија“.

Апасиев вели дека намерата на Левица не е да биде дел од власта.

„Сега, со двајца пратеници, доколку би оделе во која било влада само за да бидеме во власта – тоа би било класично „шиткање“.

Затоа, нашите планови се подолгорочни, а не од денес за утре. Така што, во овие околности, најверојатно е дека ќе дејствуваме како парламентарна опозиција, без оглед кој би формирал влада“ – вели Димитар Апасиев.