Професорот Димитар Апасиев остро ја критикува владината одлука на исторчарите да им се одземе старата зграда на државниот архив, документите да се носат во нова зграда која допрва ќе се гради а во старата да се сместат правосудни органи.
“Да имаш профи зграда за државен АРХИВ, по сите светски стандарди, и да ја дадеш на користење на една корумпирана институција како „Обвинителство за организиран криминал“ која освен монтировки за политички пресметки, не работи ништо друго – треба да си поголем Грујо и од Грујо!”, пишува Апасиев кој не гледа никаква логика во одлуката на владата.
Предходно Владата донесе одлука наместо во новата зграда на Државниот Архив во која има влага и каде може да се оштети документацијата, да се гради нов објект.





