Професорот Апасиев смета дека судството е тоа што ја кочи Македонија на патот да стане функционална и успешна држава.
Главна улога во оваа состојба според него имаат Апелационите и Врховниот суд кои носат неверојатни одлуки.
,,Еве, да ви објаснам попластично оти нашата Република не може да пркне ради корумпираното и неспособно СУДСТВО…
Во македонската судска пракса постојат две спротивни пресуди за еден ист судски случај на два Апелациони суда!
И тоа, другарчиња, уопште не е најголемиот проблем. Најголемиот проблем е што Врховниот суд на РМ ги има ПОТВРДЕНО и двете пресуди кои се контрадикторни една на друга.
Сега сфаќате ли колку е забегана работава”, прашува професорот Апасиев користејќи го хаштагот #РибатаСмрдиОдГлавата.





