Пратеникот од Левица Димитар Апасиев бара уште тројца пратеници за да почнат постапка за интерпелација на претседателот на Собраниоето Талат Џафери, јави Фокус.
„Со заклучувањето на пратениците во пленарната сала на Собранието, Талат не само што стори кривично дело, туку и целосно го изгуби кредибилитетот да го води парламентот! Од вкупно 120 пратеници, треба пет – за да почне постапката за интерпелација.
Двајцата пратеници на Левица стојат на располагање. Се бараат уште тројца јунаци и да почне процесот, вели Апасиев.
Синоќа по 22 часот, спикерот Џафери нареди да се заклучи вратата на собраниската сала, за да можат службите да ги пребројат присутните пратеници што доведе до бурна реакција…
Во салата беа присутни 38 пратеници.







