Професорот на Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип, Димитар Апасиев, го жали „дечкото од ‘Службен весник’“ и на власта ѝ порачува дека „ќе го папа без Указ“ за бесправното објавување на Законот за употреба на јазиците без потписот на претседателот Ѓорге Иванов.

„Дај бе не им паѓајте на националистичките провокации на ДУИ. Без претседателскиот потпис, т.н. Закон за двојазичност е обично парче хартија во кое можете да си ги виткате теглите од ајвар или зимница. Игнорирајте го! Никого не обврзува. НЕ ВАЖИ.
p.s. Само жал ми е за дечкото од Службен весник… Ќе нае*е со казна затвор кога ќе падне Тиранинов 😉
p.p.s. А за тие шо се праите правници ко Фрчко, еве ви ја Одлуката на Уставен суд од 1998, коа Тито Петковски исто вака се курчеше коо сеа Таљат од УЧК и за прв пат у нашата правна историја објави закон без потпис на Глигоров. Ова е втор пат. 😉
НАРАВОУЧЕНИЕ: #ЌеГоПапатеБезУказ“, напиша членот на Президиумиот на партијата Левица на својот профил на Фејсбук.
На коментарот под неговиот пост „професоре, ова е кристално јасно, ама имајќи го предвид „владеењето на правото“ и нивниот однос кон правото, не ме чуди да биде премолчено ова…“, Апасиев со одговор: „сега да… но, нема вечно да владеат квислинзиве. Ќе дојдат и нашите пет, ама ќе траат десет“.





