Апасиев до Реџепи: Слеп да не беше бе, уценето пратениче, јас сум потпишан 58-ми, а ти 61-ви!

Димитар Апасиев, лидер на партијата Левица, преку својот фејсбук профил го обвинува пратеникот Кастриот Реџепи дека лаже дека не знаел дека и Левица ќе биде дел од иницијативата за гласање недоверба на Владата.



„Киднапиранион Кастриот безочно ЛАЖЕ дека не знаел оти и Левица ќе биде на списокот за недоверба на Влада. Јас сум потпишан 58-ми, а он три места подоле – 61-ви, на истиот лист! Слеп да не беше бе, уценето пратениче? Не си ја пери совеста. Не се мие тоа. Дај си оставка. Ја погази бесата! Тешко се живее со предавство зад себе“, напиша вчера вечерта на фејсбук пратеникот Димитар Апасиев.

Тој денеска, пак, сподели и објава на Левица, каде партијата се прашува како „Кастриот Реџепи, вработен 12 години во холандска амбасада, не видел дека Апасиев е потпишан на списокот – само ТРИ МЕСТА над него!“.