Лидерот на Левица ги повика колегите-пратеници кои се кандидираа за градоначалници и не освоија доверба од граѓаните – да си поднесат оставки од пратеничката функција.
Како што објаснува Димитар Апасиев, според хиерархискиот „Ред на честа“ (Cursus honorum), пратеничката функција е над градоначалничката! Не можете да бидете претор, ако не исполнувате услови нуту за едил!?
„Кога не сте освоиле доволно гласови ниту за помалата, а љубоморно и неетички си ја чувате поголемата функција – тоа значи дека немате морален компас, а ниту легитимитет веќе да ги претставувате граѓаните.
Сте се обиделе да ја шитнете пратеничката функција која ви е доверена и не сте успеале.
Ред е да си заминете од законодавниот дом. Спротивното значи дека вашите лични интереси (за државна плата и нереални патни трошоци) ги ставате пред народните. А тоа народот го гледа и не го заборава“, порачува Апасиев.







