Лидерот на Левица и професор на Правниот факултет при универзитетот во Штип, Димитар Апасиев, бара оставка од вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи поради загрозување на јавното здравје со најавата за самоизолација само до вторник.
„ЏОМБА! <3
Ни закон, ни устав, ни мерки, ни дрн-дупки…
Ангела Меркел седеше у изолација две недели, ама типчево – до вторник!?
p.s. Абе министре, да не биде после: „Ај, ноне – кој ме терал да дигам рука у Фторник“ 😉
#Оставка
#ОпасностПоЈавнотоЗдравје“, реагира Апасиев на Фејсбук.
Османи, заедно со техничкиот премиер Оливер Спасовски и со министрите за здравство Венко Филипче и за образование Арбр Адеми, вчера имаа средба во Куманово со градоначалникот Максим Димитриевски, кој денеска објави дека е позитивен на Ковид-19.





