Апанажа побарале 44 досегашни пратеници

Четириесет и четворица пратеници од минатиот парламентарен состав доставиле барања до Собранието за апанажа, брифира претседателот на Собранието, Талат Џафери.



Минатата недела премиерот Зоран Заев изјави дека на поранешните пратеници ќе им понуди работа во администрација за да се откажат од апанажата.