Иранците во саботата реагираа со пофалби и загриженост поради нападот врз писателот Салман Ружди, кој стана жртва на 33 годишната фатва изречена од починатиот врховен водач, ајатолахот Хомеини, кој повика на негова смрт, пишува Асошиетед прес.
Останува нејасно зошто напаѓачот на Ружди, идентификуван од полицијата како Хади Матар од Фервју, Њу Џерси, го избодел авторот додека се подготвувал да зборува на настан во петокот во западниот дел на Њујорк.
Теократската влада на Иран и нејзините државни медиуми не наведоа мотив за нападот.
Но, во Техеран, некои спремни да зборуваат за Асошиетед прес изрекоа пофалби за нападот насочен кон писател за кој веруваат дека ја оцрнил исламската вера со неговата книга „Сатански стихови“ од 1988 година.
„Не го познавам Салман Ружди, но среќен сум што слушнав дека бил нападнат бидејќи го навредил исламот“, рече Реза Амири, 27-годишен доставувач. „Ова е судбина за секој што ги навредува светоста“.
Други, пак, се загрижени дека Иран би можел уште повеќе да биде отсечен од светот…
„Чувствувам дека оние што го направија тоа се обидуваат да го изолираат Иран“, рече Махшид Барати, 39-годишен наставник по географија. „Ова негативно ќе влијае на односите со многумина – дури и со Русија и Кина“.
Хомеини, ја издаде фатвата за Ружди во 1989 година.
„Би сакал да ги информирам сите смели муслимани во светот дека авторот на книгата со наслов „Сатански стихови“ … како и оние издавачи кои знаеле за нејзината содржина, со ова се осудени на смрт“, објави Хомеини во февруари, 1989 година, преку Техеранското радио.
Тој додаде: „Кој ќе биде убиен правејќи го тоа, ќе се смета за маченик и ќе оди директно во рајот“.
Либанскиот државјанин Мустафа Махмуд Мазех загина кога
Пред нешто повеќе од 33 години, либанскиот државјанин Мустафа Махмуд Мазех предвреме во хотел во Лондон активираше бомба во која загина само тој на 3 август 1989 година.






