Доколку умре украинскиот претседател Володимир Зеленски, Европската унија би можела да го ограничи снабдувањето со оружје и воена опрема на Украина, пишува Асошиејтед прес (АП), повикувајќи се на анализа на американските разузнавачки служби, која е пронајдена меѓу дополнително протечените документи.



Во анализата спомната во текстот, која е класифицирана како „тајна“, се разгледуваат најекстремните сценарија за развојот на настаните во текот на руската специјална воена операција во Украина.

Во него се наведува дека фигурата на Зеленски како претседател е клучот за „внатрешната и надворешна поддршка“ за акциите на украинските власти од Запад.