Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) ќе собира информации во врска со наводите што се појавија во медиумите, а се однесуваат за набавка на вакцините од кинескиот производител „Синофарм“.



Претседателката на Антикорупциската комисија, Билјана Ивановска, порача дека во оваа ситуација треба да се вклучат и другите органи како што е Јавното обвинителство.

„Ние се договоривме да собереме доволно информации да ги разгледаме околностите и потоа ќе одлучиме како ќе постапуваме понатаму во зависност од тоа што ќе добиеме како информација“, изјави Ивановска за РСЕ.