Македонската фудбалска надеж Филип Антовски (на фотографијата десно) со Динамо Загреб ќе игра во четвртфиналето на младинската Лига на шампионите по денешниот триумф на пенали над Ливерпул.
Левиот бек го одигра целиот натпревар во Загреб, кој заврши 1:1, а во изведувањето удари од белата точка домаќинот славеше со 4:3 благодарение на двата одбранети пенала од голманот и капитен Динко Хоркаш.
Во четвртфиналето 18-годишниот младински репрезентативец на Македонија од Куманово и неговиот тим ќе играат со подобриот од утрешниот дуел меѓу Челзи и Монпелје.





