Градоначалничката на Скопје имаше година и половина да ги сервисира долговите, знаеше дека има долгови, ги кажуваше и во самата кампања. А речиси и да нема ден и изјава каде не вели дека градот е во добра кондиција, ликвиден и состојба. Кога доаѓате на таква позиција треба да знаете што наследувате, што е ваша одговорност“ изјави Марија Андоновска, советничка на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје во гостување на „Вин вин“ на Телма.



Таа рече дека Данела Арсовска не кажува дали градоначалничката ги сервисираше долговите, како оној кон приватните превоизници, и дали и тоа е една од причините што градската каса е блокирана…

За раскинување на договорот со приватните превозници „Макекспрес“ и “Слобода превоз“ по што граѓаните буквално останаа повеќе од половина година без превоз, Антоновска вели:

„ВМРО-ДПМНЕ не штити приватни превозници туку штити јавен интерес, градскиот превоз е јавен интерес кој во моментов го нема.

Граѓаните во Скопје немаат квалитетен јавен градски превоз и тоа е проблем. Ние се обидовме тука да помогнеме и помогнавме колку што ни се ингеренциите во моментот. За долговите кон превозниците, градоначалничката прво велеше нема долгови, па има долгови, па немал градот, туку ЈСП, слушнавме се и сешто“, рече Андоновска.