Антимакедонски провокации: “Албанците ќе бидат мнозинство – власта ќе ја преземат албанско-бугарските коалициски партии!“

„Ќе биде многу лошо за Македонците со внесувањето на бугарското малцинство во уставот на с.Македонија: по 10, 15, 20 години Македонците ќе станат малцинство наспроти Бугарите и Србите.“ – провокативно тврди Сулејман Мехази, политички аналитичар од Македонија, во својата колумна со наслов „Многу лошо им се пишува на Македонците поради Бугарија“, која ја објави косовскиот весник на албански јазик „Бота Сот.“

Мехази пишува: „Ова го велиме, бидејќи македонските граѓани од Источна Македонија, кои го говорат бугарскиот дијалект, ќе се вратат на бугарскиот јазик, додека македонските граѓани од Западна Македонија ќе се вратат на српскиот јазик.“

„Така што, албанските граѓани од с.Македонија ќе го сочинуваат мнозинството од населението на оваа република.“

„За време на парламентарните избори власта во с.Македонија во иднина можат да ја земат албанско-бугарските коалициски партии.“