Професорот по албанологија на државниот Универзитет во Тетово Арбер Челику се вклучи во „широката јавна консултација“ во врска со „францускиот предлог“ со тешка антимакедонска провокација упатена кон македонскиот народ, пишувајќи на својот фејсбук-профил:
„Со францускиот предлог историјата на Македонците заполнува со Дарко Панчев!“
Во многубројните коментари, соодветни на „ставот“ на професорот Челику, кој добива плата од буџетот на Република Македонија за своите провокации и исмевања на Македонците, може да се прочита и вакво „надополнување“:
„Таа историја започнува и порано, со Петре Прличко!“





