Антикорупциската комисија запрела случај против Рашковски за фалсификување владини документи (ФОТО)

Антикорупциската комисија запрела постапка против Владата и против екс генералниот секретар на Владата Драги Рашковски кој сега е на одмор во Мексико со чудно образложение дека се променети околностите во врска со случајот на фалсификуван владин документ.



Цели 20 месеци откако Антикорупциска комисија по пријава од познат пријавувач оформила предмет за фалсификување на владин документ, на 24 февруари годинава носи одлука за затворање на случајот при што дава во најмала рака контроверзно образложение.

Антикорупциската комисија од месец јуни 2019 година до сега не одлучила за скандалот кој го откри Телма а во кој во централниот регистар наместо три места за членови на надзорен одбор, се запишани четири имиња вклучително и едно напишано на рака.

Наместо Антикорупциската комисија досега одлучи по скандалозниот фалсификат таа чекала 20 месеци по што објавува дека се променети околностите и предметот се запира иако основата за гонење се уште е валидна.

Во документот со кој формално прекинува постапката се вели дека околностите се сменети на тој начин што во М-Нав се променети членовите на Управниот одбор.

Ова образложение и новите членови на УО на М-Нав во никој случај не е оправдување за запирање на постапката затоа што се работи за фалсификување на владин документ кој нема директна врска со новата промената на составот на УО.

Тоа го знаат сите членови на Антикорупциската но под влијание на засега јавно недефиниран фактор носат одлука за запирање на постапката за фалсификат.

Според ДКСК повеќе не постојат елементи за постапување во случајот иако спорниот начин на поставување на членовите на УО на М-Нав нема никаква врска со изборот на нови членови речиси 3 години подоцна.

Покрај овој случај во кој е инволвиран екс генералниот секретар во Владата Драги Рашковски, претседателката на ДКСК Билјана Ивановска како прв човек на антикорупцискиот тим во оваа институција има уште еден случај за човекот кој сега е во Мексико на одмор.

За познатиот случај Леонардо вреден 7 милиони евра во кој своја нејасна улога имаше Рашковски, Антикорупциската комисија не одлучува од јули 2019 година што значи дека наскоро ќе поминат 2 години откако се случи скандалот а тој се уште не е процесиран од непознати причини.

Во моментов ДКСК започнува нов трет случај против Рашковски за набавката на 80 илјади евра вреден софтвер кој не се користи но ако се суди според предходните два случаи во кои е тој инволвиран Антикорупциската комисија повторно под влијание на непозната сила ќе го стави во фиока.

Во врска со прекинот на еден од случаите против Рашковски кои пред дваесетина дена го затворила ДКСК Телма во 2019 година истражуваше дали некој се дрзнал да направи фалсификат на одлука на Владата и кој е тој?

Според документот од централниот регистар со одлука Владата избрала членови на надзорниот одбор на Акционерското друштво во државна сопственост за воздухопловна навигација со скратеница М – НАВ. Одлуката е донесена е на 3 ти август годинава (2017), а на неа е потпишан претседателот на Влада Зоран Заев.

Одлуката не би била спорна ако од трите имиња кои биле назначени последното на Едмон Калиќи не е пречкртано и со ракопис е допишано името на Милорад Милановиќ.

Надзорниот одбор на претпијатието го назначува Владата, составен е од двајца членови по нејзин предлог и еден по предлог на репрезентативниот синдикат во М – НАВ. Калиќи бил предложен од два синдикати кои во тоа време се репрезентативни – струков и синдикат на воздухопловство – тие заедно имаат 65 проценти од вработените во ова претпријатие. Но, функцијата на Калиќи имала кус век. На 31 август како што вели од нигде никаде го известиле дека всушност тој не е член на надзорниот туку Милорад Милановиќ, преставник на трет паралелен синдикат во М – НАФ.

Проблемот со впишувањето на името на Едмонд Калиќи настанал кога централниот регистар увидел дека тој е сопственик на две фирми, нешто што се коси со законот. Но, тој претпоставува дека наместо Владата одново да избира член на Надзорниот, некој само го пречкртал неговото, а го додал во ракопис името на Милановиќ. Дека Калиќи сепак бил изгласан тврдат извори од претпријатието кој доставија фотокопија од архивата на М нав. Таа е идентична со документот во регистарот, има и ист број 24-4419/1 но таму името на Калиќи не е пречкртано. И во овој документ од М – НАф Калиќи фигурира како член на надзорниот одбор. Се работи за решение за исплата на паушал за Калиќи повикувајќи се на одлуката на владата заведена со истиот број.

Ова се случува во време кога се веќе распишани локалните избори, и кога со закон е забрането вработување во јавна администрација и именување лица. Дел од сомнежите се дека токму поради ова не е донесена нова одлука туку можно е да е фалсификувана старата, објави тогаш Телма.

-Но документот каде е пречкртано името на Калиќи не е единствениот спорен документ. Веднаш по седницаата на Влада, вечерта на 3 август во 22 часот се одржало и акционерско собрание на кое присуствувале претседавачот со собранието Радмила Шеќеринска, нотар кој го водел записникот, и повеќе од пола министри како услов за негово одржување. И записникот од собранието има две различни верзии. Едната е во М Нав другата во централниот регистар. Во првата како член на надзорен е напишан Калиќи, во онаа од регистарот стои името на Милорад Миловановиќ. Од тука се отвораат и други прашања. Дали некој се обидел да го фалсификува и нотарскиот акт и кој би можел да го стори ова, објави Телма.

Повеќе на оваа тема на овој линк