Антикорупциската комисија утврдила основано сомнение за корупција во МВР/СДСМ (ДОКУМЕНТ)

Според документ кој Државната комисија за спречување на корупција во донесла пред речиси еден месец утврдено е дека постои основано сомневање за партиско влијание од СДСМ за вработување на поранешните градоначалници на СДСМ во МВР во 2021.



Антикорупциската комисија работела по барање од новинари а во врска со масовното вработување на поранешни градоначалници на СДСМ кои загубија на локалните избори во 2021 година по што беа вработени без оглас и конкурс во МВР кое го води партискиот функционер Оливер Спасовски.

За Спасовски кој е главен кандидат на СДСМ и ДУИ за учесник на претседателските избори постојат и дополнителни информации дека злоупотребувајќи ги своите позиции во МВР вработува луѓе кои треба да му помогнат во кампањата.

Дополнително, според документот на ДКСК постои основано сомневање за влијание од пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски за вработување на сопругата во МНР и непријавување на вработувањето во ДКСК за што истиот платил глоба од 300 до 500 евра и приложил уплатница во ДКСК.

Мартин Костовски кој како и Спасовски е од Куманово важи за десна рака на министерот за полиција.

Одлуката на ДКСК е објавена на 25.04.2023 а може да се најде на оваа адреса

https://dksk.mk/wp-content/uploads/2023/04/09-1255-4.pdf