Антикорупциска: Владата да бара одговорност од Спасовски во врска со трагедијата со „Беса Транс“

Антикорупциската комисија најде вина кај министерот за внатрешни Оливер Спасовски за автобуската несреќа на „Беса Транс“ во која загинаа 45 луѓе. Антикорупционерите потврдија дека цели три месеци пред несреќата министерот во фиока го криел клучниот документ со кој требало да се стави клуч на врата на фирмата „Виа Комерц“, која вршела технички преглед на автобусот. Тоа што не можеле да утврдат мотивот, односно дали намерно го криел или од немарност. Бараат владата да утврди одговорност за министерот, а дополнителните докази ќе ги достават до обвинителството кое веќе има отворено предметот за трагичната несреќа.



ДКСК одлучи дека поради фактот што Јавно обвинителство веќе има отворено предмет и се води судски процес за овој случај, сите докази кои ги имаат ќе ги достават како дополнување на докази во обвинителството, а до Владата да достават иницијатива за утврдување на одговорност на министерот Оливер Спасовски.

Инспектори на МВР во август 2021 констатирале низа недостатоци при инспекција кај фирмата за технички преглед „Виа комерц“, која вршела контрола врз автобусите на „Беса Транс“. Антикорупциска утврди дека министерот не постапил правилно, бидејќи по добиениот извештај од инспекторатот, тој не издал наредба во предвидениот рок станицата да ги отстрани неправилностите или да ја затвори, туку истата ја издал дури по три месеци од добиениот извештај, односно три дена по несреќата во Бугарија.

Спасовски до сега не одговори зошто чекал толку време и не кажа и дали чувствува одговорност за несреќата.

Инаку, на 5 октомври 2021, автобусот на „Беса транс“ што изгоре во Бугарија – со себе однесе 45 животи.