Законот за стратешки инвестиции е совршено тло за корупција – Антикорупциската комисија уште во 2020-та, годината кога е донесен, излегла со низа забелешки кои останале игнорирани од страна на Владата, пренесува ТВ Алфа
Правните недостатоци во законот поради отсуство на инструменти во однос на контролата во суштина доведува до ризик од корупција, а се манифестираат со недоволна отчетност и транспарентност на надлежниот орган за спроведување на законот, се вели во извештајот на ДКСК.
Клучна според антикорупционерите е предвидената тајност при договорањето на таканаречените стратешки инвеститори.
-Висок степен на ризик од корупција и судир на интереси претставува и недефинирањето на процедура и услови и критериуми за избор на членови на оперативната група за секој поединечен стратешки инвестициски проект, велат од ДКСК.
Ова се потврди четири години подоцна. Скриените одредби и бројните замки во договорите дури сега излегуваат на површина.
Јавноста не може да дознае ништо за процедурата како за склучување на договорите. Не ги знаеме ни точно членовите кои биле дел од преговарачката комисија за четирите спорни стратешки инвестиции, ги нема подзаконските акти на Законот за стратешки инвестици.
Извор:






