Откако повиканите институции се прогласија за ненадлежни за поставувањето на диви платформи на Матка Антикорупциска комисија најави дека ќе отвори предмет за овие дивоградби.
Комисијата се сомнева дека има злоупотреба на работата на општина Сарај.
„За Матка институциите се прогласија за ненадлежни и тоа ни го запали црвеното светло, таму има елементи на корупција, општината не донесува одлуки, имаме надлежност да испитаме“, рече претседателот на ДКСК, Билјана Ивановска.
Сите институции кои имаат ингеренции да ја сопрат градбата се огласија за ненадлежни за дивоградбите кои станаа актуелни откако во првиот залив по браната без било какво одобрение почна да се поставува нова платформа.





