Антикорупциска: Ректорот на УКИМ земал плата од две места

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) утврдила дека ректорот на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Никола Јанкуловски, покрај ректорската, земал плата и од Клиниката за дигестивна хирургија.



Јанкуловски, по изборот како ректор, не го ставил во мирување своето работно место на Клиниката, што било законска обврска, за што од ДКСК побараа кривична одговорност, јави МКД.