Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, во денешното обраќање на одбележувањето на Денот на борбата против корупцијата рече дека новиот новиот директор на МЕПСО, Куштрим Рамадани, не може во моментов да ја извршува оваа функција.



„Како на поранешен член на Регулаторната комисија за енергетика не е поминат законски предвидениот рок од две години пред да ја превземе новата функција“, рече претседателката на ДКЦК Биљана Ивановска, пренесе Фактор.

Рамадани беше заменик претседател на РКЕ, а како предлог на ДУИ минатиот месец беше назначен за претседател на Управниот одбор на Електропреносниот систем.