Антикорупциската комисија денеска прифати три приговори поднесени од ВМРО ДПМНЕ за злоупотреба на државни пари во изборна кампања и еден приговор отфрли како неоснован.
Антикорупциската комисија ќе поднесе
Прекрошна пријава ќе биде поднесете против раководните лица во Агенцијата за финаниска подршка на земјоделскиот и руралниот развој затоа што исплатила 7,5 милиони денари на повеќе од 2.000 лозари за откуп на винското грозје за 2014, 2015 и за 2016 година.
Антикорупциската комисија одлучи да поднесе прекрошна пријава и против градоначалниците на Гази Баба и на Штип.
Делумно беше прифатен приговорот поднесен за општината Гази Баба која во време кога биле распишани изборите, распишала јавен оглас за ангажирање на агенција за обезбедување на сите 11 училишта во општината и двете градинки.
Прекршочната постапка ќе се покрене и против градоначалникот на Штип а во врска со дистрибуција на дрва за огрев на две социјално загрозени семејства и на Ј.П „Исар“, откако изборите веќе биле распишани.

ДКСК ќе ја утврдува и точноста на информацијата објавена во некои медиуми дека раководителот на одделението за хортикултура Јово Темелковски во ЈП „Водовод и канализации“ на 16-ти април се појавил на работа со маица од претседателскиот кандидат Стево Пендаровски.





