Антикорупциска отворила предмет за имотот на семејството Груби

По изнесените наводи за, наводно, зголемување на имотот на сдемејството на првиот вицепремиер, Артан Груби, Државната комисија за спречување на корупцијата, пред неколку денови, отворила предмет.



ВМРО-ДПМНЕ за локалот купен од семејството на Груби

„По предметот се постапува и штом ќе имаме конкретни информации, ќе ги споделиме со јавноста“, велат од Комисијата објави „Слободен печат“.

Информации за имотот на семејството Груби беа објавни во дел од медиумите, а деновиве со конкретни обвинувања излезе и пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков.

„Граѓаните во Скопје, за 700 евра по метар квадратен, не можат да купат ниту гаража, а не пак супер луксузен локал. Очигледно Артан Груби е фатен во небрано и затоа од една лага влегува во нова“, рече Лефков во врска со локалот на улица „Македонија“ кој, според зборовите на Груби, бил купен за 100.000 евра.