Комисијата за спречување на корупцијата по допрен глас ќе испитува дали и како претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски наводно се стекнал со земјиште, и како го започнал „бизнисот со хидроцентрала“.



Ова вчера на прес-конференција го побара портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов.

Тој, наводно приложи и документ на кој наводно се тврди дека Мицкоски и членот на Извршниот комитет на ВМРО‐ДПМНЕ Димитар Димовски, имаат стекнато удел во хидроцентралата, пренесува „Фактор“.