Антикорупциска на потег: Од каде му се на Ковачевски 8 илјади евра месечно за фалби на социјални мрежи

Адвокатот Јанаки Митровски поставува логично прашање за потеклото на огромната сума пари која премиерот Ковачевски ја дава за негова пропаганда на социјалните мрежи пред се Фејсбук.



Премиерот заработува месечно околу 88 илјади денари што е речиси шест пати помалку од тоа што го троши на лична промоција на социјалните мрежи што отвара дилема за која одговор може да дадат Антикорупциската комисија или јавното обвинителство затоа што постои отворена можност Ковачевски да плаќа лична промоција со негова лична заштеда но и со црни пари стекнати со корупција и криминал.

,,Премиерот вели ни денар од буџетот не е даден за неговите 26 бона спонзирирани објави за сто дена. Тоа се месечно над 8 илјадиу евра. ок не се од буџет, од каде се? Платата му е една шестина од месечниот износ? Од каде?
Многу е јасно од каде, од истото место од каде ја финансираат твитер заедницата да плука по критичари на власта!!!”, пишува Митровски за огромната сума која што премиерот ја дава за себепромоција на социјалните мрежи.