Државната антикорупциска комисија ќе ја испитува имотната состојба на судијата од Кривичен суд Владимир Панчевски, потоа на претседателот на Врховен Суд, Јово Вангеловски, како и судијките Александра Зафировска, Светлана Костова и Софија Лаличиќ.
Претседателката на Комисијата, Билјана Ивановска, на денешната седница рече дека ќе се проверуваат нивните анкетни листови.
„По добиени сознанијата од Извештајот на Стејт департментот за човековите права за 2018 година за РСМ за злоупотреби и коруптивни дејства на поединечно наведени судии Комисијата заклучи да изврши проверка на податоците од анкетните листови и изјави за интереси на следните лица: Владимир Панчевски, Јово Вангеловски, Александра Зафировска, Светлана Костова и Софија Лаличиќ, рече на денешната седница претседателката на ДКСК Билјана Ивановска.





