По укажувањето од страна на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) за судир на интереси градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов, го раскинал договорот за консултантски услуги со неговата адвокатска канцеларија, по што е констатирано оти повеќе не постои состојба на судир на интереси и предметот е затворен.



Меѓутоа, како што рече Билјана Ивановска, претседател на Антикорупциска на денешната прес-конференција, се испитува и е отворен нов случај за кој слушнале од медиумите дека наводно град Скопје има склучено некаков договор со адвокатското друштво на Шилегов и од градот Скопје се одлеваат средства на тој начин. – Во тој дел ние не сме работеле, тоа ќе го провериме и ќе ја известиме јавноста, изјави Ивановска.