Пратеничката од СДСМ Тања Ковачев ќе заработи прекршочна пријава затоа што не го пријавила вработувањето на сопругот во “Аеродроми”.
Покрај него во УЈП била вработена и нејзината сестра, а зетот се вдомил во ЈП „Водовод“.
Антикорупциска се сомнева дека се работи за партиско влијание и пристисоци при вработувањата затоа што во записниците нема конкретни образложенија врз кои основи и тестирања тие биле избрани на функциите.
Антикорупциската комисија ќе побара од Владата да ги преиспита вработувањата на роднини на партсики функционери во УЈП и во АД “Аеродроми”, дознава „Телма“.





