По вчерашното барање на Антикорупциска, да се раскине договорот за закуп за канцелариите на екс-претседателот Ѓорѓе Иванов поради големите трошоци, што предизвика лавина поделени реакции во јавноста, антикорупционерите синоќа испратија соопштение во кое појаснуваат дека бараат укинување на привилегиите и за поранешниот претседател, Бранко Црвенковски.



„Сакаме да ве известиме дека на денешната 22-ра седница на Државната комисија за спречување на корупција беше одлучувано по предмет отворен по сопствена иницијатива во врска со правата и привилегиите кои ги уживаат поранешни претседатели на државата.

За потребите на јавноста сакаме да ве информираме и потенцираме дека денешните одлуки во врска со овој предмет се однесуваат на сите поранешни претседатели и барањето за раскинување на договорите за закуп се однесува на двајцата поранешни претседатели“, стои во соопштението на Антикорупциска.