Според сознанијата на ДКСК за време на извршување на нивната службена должност, поранешните генерални секретари на влавата, Драги Рашковски и Мухамед Зекири сториле кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување со склучување авторски договори од страна на Генералниот секретаријат со надворешни лица, дознава Алсат.
Законска основа за оформување на овој предмет била објавата во медиумите дека Владата за потребите на Генералниот секретаријат заради извршување специфични ангажмани врз основа на авторски договори ангажирала поголем број физички лица надвор од редот на вработените, при што биле исплаќани хонорари, кои само за еден месец изнесувале над 37 илјади евра односно над милиони евра за 2019 и 2020 година, објасни претседателката на Антикорупциска Биљана Ивановска.
ДКСК има сознанија дека во периодот од 2017 година до 2021 година врз основа на овие авторски договори од страна на Генерланиот секретаријат биле исплатени најмалку 153 милиони 244 илјади 219 денари.
Во 2017 година биле исплатени 15 милиони денари, во 2018 година 44 милиони денари, во 2019 година 35,500 милиони денари, во 2020 година 33,500 милиони денари и во 2021 година 24 милиони денари, објави Алсат М.






