Соопштението на МВР во кое институцијата каде Назим Буши е втор по хиеархија и кое потврдува дека трето лице платила 20 илјади евра за една ноќ престој во елитен хотел во Истанбул е причина повеќе институциите да утврдат дали во случајот има корупција и лошо владеење.
Член на Државната корупција за спречување на корупција кој инсистира на анонимност вели дека досега во ДКСК не пристигнала претставка за можна корупција кај заменикот министер од ДУИ но тоа не е пречка за антикорупционерите да отворат предмет по допрен глас.

,,На потег е претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска која во понеделник ќе покаже дали е наша во рацете на ДУИ, СДСМ и владата или зачувала нешто од својот интегритет и ќе покрене предмет за Буши”, вели во провокацијата членот на ДКСК.
Кога трето засега непознато лице плаќа огромна сума на највисок државен функционер кој има можност да влијае на спроведување на законот тоа е аларм кој мора да биде проверен.
,,Што ако прескапоот апартман е платен од некој од 215 носители на македонски пасош, на пример турскиот државјанин Седат Пекер кој сега е во бегство пред турските власти а кој можел да го стори тоа. Или ако некој друг бегалец од правдата од Шкаљарскиот или Кавачкиот клан платил за приватните потреби на Буши со надеж дека нема да им бидат откриени идентитетите на тие што добиле македонски пасоши со лажен идентитет”, се дел од прашањата кои јавноста ги поставува со право, вели невладин активист кој цел живот се занимава со феноменот на корупцијата.
Буши ќе мора да каже кој, како и зошто ја платил собата во која престојувале заедно со синот и две девојки а ќе мора да открие и други детали како на пример дали тој ќе треба да му ја врати услугата на тој што платил. Дополнително мора да се испита и дали ова однесување тој го пријавил кај неговиот шеф во МВР Спасовски и кај вицепремиерката за добро владеење Славица Грковска.
Според Етичкиот кодекс за добро однесување на владата Буши не смеел да прими подарок дури и во вид на платено сместување.
,,Снимање на претседателскиот апартман и објавување на истиот како да е инфлуенсер во ситуација кога, според официјалното соопштение на МВР сте отишле за болен член на семејство, е чудно однесување кое е далеку од добро владеење и тоа мора да биде проверено”, тврди друг долгогодишен активист на полето на антикорупцијата кој не сака да го открие идентитетот поради страв дека може да биде таргет на ДУИ чиј кадар е Буши.
Најавата за пресметка со корупцијата на американската амбасадорка во Скопје Ангела Агелер не е единствената причина поради која ДКСК ќе мора да отвори предмет за Буши, тврди антикорупционер кој посочува дека по интензивниот ,,допрен глас” игнорирање на случајот од Антикорупциската комисија ќе значи дека по налог на ДУИ ќе биде спречена истрага за заменикот министер за внатрешни работи.
Вицепремиерката за добро владеење Славица Грковска досега морала да го повика Буши за примениот подарок, се согласуваат антикорупционерите кои се плашат јавно да зборуваат за случајот.

Според нив Буши очигледно го прекршил Етичкиот кодекс на владата и тоа во повеќе членови но пред се во членот 17 кој се однесува на примање подароци.
Во него јасно е укажано дека не смеел да прими подарок вреден дваесет илјади евра.

Грковска предходно не го казни Буши кога тој со службено возило на владата замина на партиски состанок на ДУИ во Мала Речица што целосно ја дисквалификуваше како вицепремиер одговорен за добро владеење, коментира еден од антикорупциските експерти за вториот човек во владата која се занимава со се освен со тоа што и е примарна задача, битка со корупцијата во редовите на владата.
Стравот од одмазда од ДУИ на консултираните експерти за корупција кои одбиваат јавно да зборуваат за случајот Буши најдобро покажува во каква состојба се наоѓа Македонија во поглед на владеење на правото.






