Претседателот на Кошаркарската федерација на Македонија и поранешен капитен на македонската репрезентација Перо Антиќ се појави на избирачко место во Белград за да гласа на изборите во Србија.
Антиќ пред осум дена учествуваше на митингот во Врање на Српската напредна странка (СНС) на претседателот Александар Вучиќ, за да му даде поддршка.
Тоа не остана незабележано од Вучиќ, кој на Инстаграм му се заблагодари на некогашниот центар на Црвена звезда и прв македонски кошаркар во НБА-лигата, каде што играше за Атланта хоукс.
„Луѓето навистина се нашата најголема сила. Благодарам легендо“, му се заблагодари тој на Антиќ на Инстаграм.
Единствениот претседател на спортска федерација во Македонија што ѝ го смени името во „Северна“, а го стави и на дресовите на националните тимови во сите конкуренции, има и српско државјанство.






