Еден од 132 илјади граѓани, речиси извесно етнички Македонци бара во уставот да влезат и Античките Македонци ако веќе таму влегуваат Бугарите и другите помали малцински групи.
Богдан Илиевски алијас Бетмен Велит бара уште најмалку 1024 или повеќе од 3505 граѓани да се произнесат како Антички Македонци и со тоа да се отвори патот за влегување на оваа група во уставот како што тоа се планира со Бугарите, Црногорците, Хрватите и други.
Иако барањето на Илиевски во суштина содржи огромни ниво на шега сепак тој има добра поента околу оставрување на правата на луѓето во Македонија.
Целото барање на Илиевски.
АЈДЕ ДА ВЛЕЗЕМЕ ВО УСТАВОТ
„Етнички Бугари се најбројни после 7-те уставно наведените етнички заедници, нив ги има 3.504, но повеќе има граѓани кои се изјасниле како Торбеши – 4.174. Над илјада изјаснети на пописот се и Египјани -2.406, Хрвати -2.145, Црногорци кои се 1.023-ца.“ (извадок од вест на ТВ Телма)
⚠️ Вака сега,
ако влегуваат во Уставот браќата Бугари, а да не се само тие демек ќе влезат и Хрватите и Црногорците,
и имајќи предвид дека мојата држава ме пишала како „административец“ без националност, вера и јазик,
✅ ПОВИКУВАМ
минимум 1024 луѓе (еден повеќе од Црногорците) а максимум 3505 (еден повеќе од Бугарите) на нотар да завериме изјава дека сме АНТИЧКИ МАКЕДОНЦИ и да бараме влез во Уставот.
Ако на нотар може да се декларираме како маж, жена, жирафа или тротинет, ќе може да се декларираме и како антички Македонци.
❤️💛❤️
И баш убаво ќе си стои во Уставот: Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци, Антички Македонци, Бугари, Хрвати, Црногорци… (и списокот е отворен за повеќе идеи).
Размислете вие мои собраќа без националност 🙂 Да се попишаме на пописот! Кога ќе го отвораат Уставот, да се отвориме и ние!
И да влеземе!






