Дваесетина граѓани вечерва одржуваат анти американски и анти НАТО протести за време на концертот на воените оркестри на армиите
на Република Македонија и на САД за Европа и Африка “USAREUR-AF”.
За време на концертот кој се одржува кај популарниот парк во Аеродром „Авионче“ со почеток во 18.30 часот дваесетина членови и симпатизери на партијата Левица со транспаренти мирно протестираат против алијансата.
Концертот на оркестрите на АРМ и НАТО се одржува како дел од предвидените активности во пресрет на вежбата “Swift Response 22” објави вчера македонската армија.
Преку своите транспаренти членовите на Левица го искажуваат својот став за улогата на НАТО во глобални рамки како и за улогата на САД во повеќе воени интервенции низ светот.






Концертот и протестите се одржуваат на локацијата во скопската населба Аеродром позната како ,,Кај авиончето” каде што постојано има поставен авион од екс југословенската народна армија.
Анти НАТО протести на концерт на воени оркестри на АРМ и САД во Скопје (ГАЛЕРИЈА)






