Владата усвои измени на Законот за заштита на население од заразни болести кои им даваат поголеми овластувања нас инспекторите за справување со прекршителите на Ковид- протоколите, а глобите значително се зголемуваат.



Претседателката на Инспекцискиот совет Филиповска – Грашкоска вчера информираше дека со новите законски измени, овластување за изрекување на забрана за работа и изрекување прекршочен платен налог добиваат Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд, Државниот инспекторат за транспорт, но и сите инспекциски служби на централно и локално ниво.

Измените предвидуваат за микропретпријатие кое прекршило некој протокол да се изрече глоба од 2.500 до 3.000 евра во денарска противвредност. За мало претпријатие е предвидена глоба од 5.500 до 6.000 евра. За средно претпријатие од 17.500 до 18.000 евра, а за големо претпријатие глоба во износ од 25 илјади до 30 илјади евра во денарска противвредност.