(Анти)фашистичката симболика на рокот даден од Борисов и Каракачанов до Заев

Знаеле ли бугарскиот премиер Борисов и вицепремиер Красимир Каракачанов што се случило на 13 ноември, на денот кој тие го поставија како рок до кога македонската влада треба да ги прифати бугарските барања за поништување на македонската нација и јазик.



За тие што не знаат професорката Дарија Андовска потсетува дека на тој ден Македонија се ослободи од фашистичката окупација во втората светска војна.

“Дали стварно ББ му даде
рок на ЗЗ до петок тредичи?
И тоа баш 13 Ноември, денот на ослободување на Скопје
од фашистичкиот окупатор,
далиииии? ???
О, животе, баш имаш смисла за хумор ?”, пишува професорката Андовска со доза на хумор но и горчлива логика.

Сериозни држави своите пораки понекогаш ги испраќаат и преку датуми кои укажуваат на важни историски процеси, или што би рекол еден коментатор на постот на Андовска:

“На ист ден ќе славиме победа и окупација од ист окупатор”.