Во Европа насадите во пластеници се намалени за 30-40% поради енергетската криза и европските синџири супермаркети бараат турски производители.
Анталија е подготвена да помогне за зголемување на приливот на девизи, пишува „Хуриет“



Многу европски синџири и добавувачи на супермаркети преговараат со нивните турски колеги во Анталија за да го покријат недостигот.

Шефот на Здружението на извозници од Западен Медитеран, Умит Мирза Чавушоглу вели:

„Веќе неколку месеци се водат многу сериозни преговори“, … „Пред сè, големите трговски синџири бараат добавувачи во Анталија и нејзината околина.

Целта ни е да го зголемиме приливот на девизи во земјава со што е можно повеќе производство и повеќе извоз“.

Кај производителите од медитеранскиот и егејскиот регион преовладува очекувањето дека во услови на енергетска криза во Европа Турција ќе ја задоволи побарувачката за храна и ќе го обезбеди задоволително производство.