Анкетната комисија утврди одговорност за шест лица за скандалот на Онкологија (ИЗВЕШТАЈ)

Анкетната комисија на Собранието на Република Македонија утврди одговорност за шест лица за Скандалот на Онкологија.



По обемна анализа на случајот Комисијата која ја води пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи утврди политичка одговорност за шест лица кои го прекршиле уставот, низа закони и законски прописи поврзани со работата на Клиниката за Радиотерапија и Онкологија.

Првиот на листата на лица кои ги прекршиле законските прописи поврзани со скандалот на Онкологија е екс министерот за здравство Венко Филипче.

Втор на листата е лекарот Нино Васев директор на клиниката до Ноември 2022 година.

На трето место на листата на лица кои прекршиле низа закони и подзаконски акти е Нехат Нухи, организационен секретар на клиниката за Онкологија од 2021 до април 202е година.

Четврта е Ирина Сотирова Бухова, директорка на државниот санитарен и здравствен инспекторат од 2017 до август 2023 година.

Петти одговорен за скандалот е Стево Костовски, директор на Фондот за здравствено осигурување до април 2022 година.

Шест на листата на одговорни е Фатон Ахмети, втор директор на ФЗО до август 2023 година.

Сите шестмина се функционери на своите позиции се поставени од СДСМ и ДУИ а некои се и високи партиски функционери на двете владеачки партии.

Комисијата беше формирана откако во јавноста се дозна за можноста на дел од пациентите наместо лекови им да им се давала вода а биолошката терапија била продавам на Косово.

По утврдување на политичката одговорност на овие шест лица Јавното обвинителство по допрен глас може да ги користи сите заклучоци на комисијата со цел кривична одговорност на наведените и други лица.

Целиот документ со заклучоците на комисијата на овој документ